Дома Фудбал Останато Официјално: Елмас доби тренер кој две години беше без клуб

Официјално: Елмас доби тренер кој две години беше без клуб

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис денеска потврди дека нов тренер на неговиот тим ќе биде Лучијано Спалети.

Лучијано Спалети од 2019 година e без ангажман, а во Наполи доаѓа на местото отпуштениот Џенаро Гатузо, кој во последното коло пропушти да го потврди учеството во Лигата на шампионите следната сезона.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Со задоволство сакам да ви соопштам дека наш нов тренер од 1. јули ќе биде Лучијано Спалети. Добредојдено, Лучијано, заедно ќе направиме големи работи“, изјави Де Лаурентис.

Засега нема информации каква ќе биде ситуацијата на Елмас после промената на стратегот, кај Гатузо македонскиот „дијамант“ не добиваше премногу простор за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа …