Шпанскиот фудбалски репрезентативец Пабло Сарабија го напушти ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Вулверхемптон, потврди овој клуб.
Сарабија со Вулверхемптон потпиша договор на две ипол години и во новиот клуб повторно ќе соработува со Јулиен Лопетеги кој го тренираше во шпанската У19 репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Соработуваа и во Севиља од каде што Сарабија во 2019 година пристигна во ПСЖ каде што запиша 98 настапи и постигна 22 гола.
Минатата сезона ја помина на позајмица во Спортинг Лисабон, а во кариерата играше уште за Реал Мадрид и Гетафе.
За репрезентацијата на Шпанија забележа 26 натпревари и постигна девет гола, беше дел и од последното Светско првенство каде што Шпанија беше елиминирана од Мароко во осминафиналето.
Во овој момент Вулвс се на 16-то место во Премиер лигата со 17 бодови, два повеќе од опасната зона.