Холгер Бадштубер денес и официјално беше претставен во својот поранешен клуб, Штудгарт, каде што ги направи првите фудбалски чекори.
На официјалната страна на Штудгарт беше објавено дека овој 28 годишен дефанзивец поптишал договор до летото 2018 година со опција за продолжување.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Бадштубер член на Штудгарт беше до 2002 година кога премина во Баерн. Иако од него се очекуваше да стане еден од најдобрите дефанзивци во светот, бројните повреди го спречија во целост да го исполни својот потенцијал.
„Никогаш не треба да заборавите од каде сте почнале. Периодот поминат во Штудгарт беше посебен за мене“, изјави Бадштубер при потпишувањето на договорот.