Голманот Алфонс Ареола потпиша нов долгорочен договор со Пари Сент Жермен, потврди денес францускиот клуб.
Ареола се обврза на верност кон „светците“ до 2023 година, иако оваа сезона има мала минутажа и е резерва на ветеранот Џанлуиџи Буфон.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Сепак, „сцетците“ во Ареола гледаат долгорично решение на голманската позиција и му понудија нов договор.
„За мене беше важно да ја продолжам кариерата во ПСЖ. Ова не е само клуб за кого играм, туку тоа е клубот на моето срце“, изјави Ареола.
Ареола е „дете“ на Пари Сент Жермен, а играше под наем уште за Ленс. Со „светците“ до сега освои две титули шампион на Франција.
PSG Football: ALPHONSE AREOLA EXTENDS HIS CONTRACT WITH PARIS SAINT-GERMAIN UNTIL 2023 pic.twitter.com/E1OCufnpk5
— Oma Akatugba (@omaakatugba) December 20, 2018