Дома Останати Тенис Официјално: Австралија му ја укина суспензијата, Ѓоковиќ се огласи!

Официјално: Австралија му ја укина суспензијата, Ѓоковиќ се огласи!

Австралиските власти ја укинаа суспензијата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и тој ќе може да настапи на Австралијан опен следната година, откако на почетокот на оваа година беше депортиран и преживеа вистинска драма.

Србинот, по пласманот во финале на завршниот турнир во Торино, кажа дека е среќен што се враќа во Мелбурн.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Многу сум среќен откако ја добив веста. Тоа е олеснување по цела драма која ја доживеав во Австралија.

Знам како да ги организирам подготовките, сега сè е јасно, тргнат е притисокот од мене и мојот тим. Австралијан опен е мој најуспешен гренслем-турнир, таму имам убави спомени“, кажа Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…