Вечерва започнува нокаут фазата во Лига на шампиони, а на програмата е дерби мечот помеѓу Јувентус и Тотенхем.
На неполн час пред почетокот на мечот познати се и официјалните состави кои ќе истрчаат на „Алиајнц Стадиум“.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Тренерот на Јувентус, Макс Алегри изненади со офанзивната формација, бидејќи во нападот покрај Игуаин ќе играат уште Манџукиќ, Даглас Коста и Бернардески.
Покетино пак изненадувањето го направи со Ерик Ламела во стартниот тим на местото од Сон.

