Дома Останати Кошарка Офанзива на Арапите и во кошарката: Шеик стана прв човек на ФИБА

Офанзива на Арапите и во кошарката: Шеик стана прв човек на ФИБА

Луѓето од арапскиот свет очигледно тргнаа во жестока офанзива на комплетниот спорт, па така од денес претседател на ФИБА ќе биде шеикот, Сауд Али Ал Тани.

Пред почетокот на Мундобаскетот денес во Манила беше претставен новиот претседател на ФИБА. Шеикот има мандат до 2027 година и ќе ја води светската кошарка во наредниот период.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На позицијата претседател на ФИБА, Ал Тани го наследува Аман Нианг.

„За мене претставува голема чест и одговорност, но и исто така и за мојата земја Катар, но и цела Азија. Ги претставува интересите на сите 212 национални федерации ширум светот. Кошарката е голбален спорт и можам да ветам дека напорно ќе работам со моите соработници“, изјави Ал Тани за сајтот на ФИБА.

Инаку, од 2019 година Ал Тани ја извршуваше функцијата потпретседател во ФИБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…