Победата на Македонија на гостински терен против Полска (96:71), сеуште е во центарот на вниманието на европската кошаркарска јавност.
И тоа од повеќе причини, кои ги наведува и официјалниот сајт на Светската кошаркарска федерација…
Македонија излезе како победник во дуелот на две селекции кои ги направиле и најголемите изненадувања во последните неколку Европски првенства.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Македонија која беше полуфиналист во 2011 година, ја победи Полска, која обезбеди место во првата „четворка“ на последниот Евробаскет во 2023 година.
Освен тоа, Македонија беше подобра од репрезентација која е далеку понапред во последното рангирање на ФИБА. Односно, селекција која во моментов е поставена на 59.позиција во светскиот ранкинг ја совлада 15 пласираната. И тоа е најголемата „разлика“ која ја направила една национална селекција на почетокот на новиот квалификациски циклус за пласман на завршниот турнир – Европското првенство во 2025 година.
Ефектот на Ненад Димитријевиќ (32.поени, 8.скока и 8.асистенции) и неговите сограчи потврди дека тие 44. места и не се некој реален показател на моменталните квалитети, не само на овие две селекции, туку и повеќе.
Ова изненадување е само едно од неколкуте кои ги „потврди“ и ФИБА по завршувањето на првиот квалификациски „прозорец“, оној февруарскиот.
Потенцирани се и победите на Бугарија против актуелниот светски шампион, Германија (67:62), па онаа на Белгија, против репрезентацијата на Шпанија (58:53), изненадување и е победата на Данска, против Грузија (76:69), и секако, триумфот на Естонија, на свој терен против Литванија (65:59).