Дома Фудбал Репрезентации Откриено зошто Сане ја напушти германската репрезентација!

Откриено зошто Сане ја напушти германската репрезентација!

Вчера сите светски медиуми пренесоа дека Лерој Сане го напуштил репрезентативниот камп на Германија, само еден ден откако одигра седум минути во дербито со Франција.

Познато е дека Јоаким Лев го изостави Сане од списокот на патници на изминатиот Мундијал, одлука која што многумина ги шокираше. Сепак, младиот крилен напаѓач доби повик од репрезентација на Германија за Лигата на нациите, а кога го напушти кампот, многумина се посомневаа дека настанал нов раскол на релација Лев – Сане е во прашање.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес фудбалерот на Манчестер Сити откри убава вест, објаснувајќи го отсуството од натпреварот на Германија против Перу. Сане добил ќерка, а притоа не заборави и да му се заблагодари на Лев што го ослободил од обврските.

„Неверојатно сум среќен и можам да ви го соопштам раѓањето на својата ќерка. И мајката и бебето се добри“, напиша Сане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…