Дома Топ вести Откриена главната трансфер цел на Конте

Откриена главната трансфер цел на Конте

Интер на лето повторно ќе се насочи кон ангажман на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, генералниот директор на „нероаѕурите“ Бепе Марота веќе стапил во контакт со агентот на српскиот репезентативец, кој ќе биде примарна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок.

Морота веќе подолго време го следи 24-годишниот играч за врска и сакаше да го донесе во Јувентус, а минатото лето се обиде да го донесе и во Интер.

Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска на терените и е еден од најзаслужните за добрите резултати на Лацио, па Интер сигурно ќе треба добро да го одврзе кесето за да го донесе на „Џузепе Меаца“.

Притоа, треба да ја победи и големата конкуренција бидејќи за Србинот силен интерес покажуваат уште Челзи, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој беше Радомир Антиќ? Човекот Мистер и легенда во три клуба и три различни земји!

Фудбалскиот свет видел многу трофејни, харизматични, стимпатични и антипатични тренери, но…