Дома Фудбал Репрезентации Откажан пријателскиот натпревар помеѓу БиХ и Израел

Откажан пријателскиот натпревар помеѓу БиХ и Израел

Пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Израел, кој требаше да се одигра во вторник, е откажан!

БиХ и Израел требаше да се сретнат на 26 март на стадионот Грбавица во Сараево, но поради безбедносни причини нема да се игра. Оваа вест ја соопшти претседателот на фудбалската федерација на Израел, Моше Зуарес.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што пренесуваат израелските медиуми, Израелците и УЕФА побарале од Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина да го откаже натпреварот.

Поради тензичната ситуација, УЕФА нè контактираше веднаш штом завршија натпреварите од плеј-офот и нè прашаа дали сме за откажување на натпреварот против Босна и Херцеговина бидејќи тоа е неважно за двете репрезентации. Сигурен сум дека Босанците чесно би ни биле домаќини, но под овие околности јас одобрив откажување на натпреварот – изјави Зуарес.

Инаку во четвртокот овие две репрезентации има настапи во плеј-офот за пласман на ЕП 2024 и беа елиминирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…