Дома Македонски спорт Мак ракомет Ослабената Шведска е фаворит, подмладената Македонија оди по изненадување!

Ослабената Шведска е фаворит, подмладената Македонија оди по изненадување!

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство во Египет на кое добивме шанса за настап во последен момент.

Македонија ќе отвори против Шведска која е фаворит во овој дуел. Меѓутоа Шведска на овој шампионат допатува без неколку важни ракометари и може да се каже дека Швеѓаните се скоро со втор тим. Сепак, тие и вака се фаворити.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Швеѓаните помеѓу другите ќе бидат без: Никлас Егберг, Андреас Нилсон, Јаспер Нилсен, Линус Арнесон, Лукас Нилсон, Албин Лагергрен, Антон Линдског…

Ние од друга страна во Египет отпатувавме со една подмладена репрезентација која се разликува од онаа во последните неколку години. Најголем хендикеп за нас можеби ќе биде неиграњето на Дејан Манасков.

Со Шведска во минатото сме одиграле два официјални натпревари и тоа двата во 2012 година: Прво на Европското првенство на кое немаше победник 26:26, а три месеци подоцна таа година во април игравме и во квалификациите за Олимписките игри. Тој натпревар го доби Шведска со 23:27.

Ќе видиме како ќе биде денес ние секако веруваме во добар старт на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…