Дома Фудбал Останато Опција помалку за Мурињо: Разговаравме, но ние немаме пари за него

Опција помалку за Мурињо: Разговаравме, но ние немаме пари за него

Oпција помалку за Мурињо.

Многу овие денови се пишува за иднината на Жозе Мурињо кој е без ангажман откако го напушти Манчестер Јунајтед во декември.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Перез одлучи во Реал да го врати Зидан, а неодамна се појавија информации дека Мурињо би можел да продолжи да работи во Франција.

Изрази Мурињо желба за работа во лигите во кои нема работено, па така Лига 1 се наметна како опција, два клуба беа кандидати да го доведат, Лион и Монако.

Гласините за преминувањето на Мурињо во Лион дополнително добија на тежина кога претседателот на овој клуб Жан-Мишел Ола објави дека на актуелниот тренер Бруно Женси нема да му биде продолжен договорот.

Поранешниот играч на Олимпик Лион требаше да добие продолжување на соработката после полуфиналниот натпревар од купот против Рен, но доживеаа пораз од 2:3 и останаа без финале, тоа го натера претседателот да го промени размислувањето.

Тој објави дека од продолжување на соработката во овој момент нема да има ништо, но не ја отпиша можноста Женси да добие договор на крајот од сезоната, но впечаток е дека за такво нешто би морал да заврши на втората позиција на табелата.

Така се мислеше дека вратата на Лион е отворена за Мурињо, но Ола сега ги демантираше таквите најави.

Имено, Лион не може да ги исполни финансиските услови на Мурињо и поради тоа тој не е нивна опција.

„Се видовме во Москва минатото лето, малку зборувавме, но не за неговото доаѓање во Лион. Мурињо не е во согласност со нашата финансиска состојба, поедноставно – немаме пари за него“, изјави Ола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…