Дома Останати Кошарка Евробаскет Олимпијакос и Реал поуспешни од Ефес и Дарушафака во Евролигата

Олимпијакос и Реал поуспешни од Ефес и Дарушафака во Евролигата

Олимпијакос и Реал Мадрид забележаа победи над Анадолу Ефес, односно Дарушафака, во првите четвртфинални натпревари во Евролигата.

Олимпијакос го победи Анадолу Ефес со 87:72. Грчкиот шампион од резултатот 8:7, започна да ја контролира играта и да ја зголемува предноста, која во последната четвртина изнесуваше и 20 поени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Петмина играчи на Олимпијакос постигнаа двоцифрен број на поени: Најефикасен со 14 поени беше Манцарис, 13 постигна Грин, а 11 на кои придодаде седум скокови Милутинов.

Ефес го предводеше Ханикат со 17 поени.

Реал се мачеше против Дарушафака, но успеа да ја забележи планираната победа. Во Мадрид, Реал победи 83:75.

Турскиот тим во првите 15 минути создаде позитива од 15 поени, но до полувремето Реал намали на поен негатива, а потоа во третиот период стигна до плус од 14 кошеви.

Љуљ повторно беше клучниот играч на Реал, тој постигна 23 поени, додека два коша помалку кај Дарушафака постигна Вонамејкер.

Натпреварите број 2 повторно ќе се играат во Атина, односно во Мадрид, а на програмата се во петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Најдобриот кошаркар во Евролигата не сака повеќе да игра за Бугарија, познато во која репрезентација ќе продолжи

Најдобриот кошаркар во Евролигата, Саша Везенков во иднина би можел да настапува за репрез…