Дома Фудбал Озил: Моето срце чука за Реал!

Озил: Моето срце чука за Реал!

Првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони помеѓу Баерн и Реал Мадрид ќе се одигра на 12-ти април, а германскиот репрезентативец Месут Озил откри за кого навива во овој дуел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Моето срце чука за Реал. Играв за тој клуб и денес имам многу пријатели во Мадрид. Поради тоа ќе навивам за Реал, иако им е противник Баерн“, изјави Месут Озил за германските медиуми.

Германскиот репрезентативец исто така го коментираше полуфиналниот меч од ЕП, кога Франција ја елиминира Германија.

„Мислам дека тогаш го поклонивме трофејот, бидејќи бевме најдора екипа во шампионатот. Во полуфиналето го диктиравме темпото се додека не го примивме првиот гол. Кога си подобар од противникот и ќе испаднеш, боли двојно повеќе. Сепак, мораме да гледаме напред. Ние сме светси шампиони и сакаме да останеме на тронот“, заклучи Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси се појави и му го украде засилувањето на Интер, веднаш даде повеќе пари!

Челси го направи својот прв трансфер ова лето, обезбедувајќи еден од најголемите таленти в…