Дома Фудбал Останато Од Ростов објаснија зошто изгубија со 10:1 (ВИДЕО)

Од Ростов објаснија зошто изгубија со 10:1 (ВИДЕО)

Вчера фудбалската јавност беше изненадена од резултатот во руската Премиер лигата помеѓу Сочи и Ростов.

Ростов кој се бори за излез во Лигата на шампионите и се наоѓа на четвртата позиција изгуби од Сочи (9. место) со неверојатни 10:1. Овој резултат ги изненади сите фудбалски фанови.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од Ростов сепак имаа објаснување.

„Драги пријатели, многу фанови на нашиот клуб не зборуваат руски и не можат да разберат што се случи денес и како можеше да изгубиме 10:1. Сакаме да објасниме дека шест играчи на нашиот тим беа заразени со коронавирусот, па поради тоа цел тим отиде во карантин“.

„Од Сочи го одбија нашиот предлог да го одложиме натпреварот и поради тоа овој натпревар го игравме со млади момчиња од 16 до 19 години. Резултатот е вознемирувачки, но сакаме да ги истакнеме добрите страни. Пред се тука е нашиот 17 годишен голман Денис Попов кој имаше дури 15 одбрани, вклучувајќи и еден пенал и тоа е нов рекорд во руската Премиер лигата. Денис го украде шоуто и заслужено ја доби наградата играч на натпреварот“, објаснија од Ростов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…