Дома Топ вести Од Реал преку „Марка“ се огласија на тема „Килијан Мбапе“

Од Реал преку „Марка“ се огласија на тема „Килијан Мбапе“

Раководството на Реал преку „Марка“ ги негираше тврдењата на француските медиуми за доведување на асот на Пари Сен Жермен.

Ниту Реал Мадрид преговарал со Пари Сен Жермен, ниту планирал да го доведе Мбапе на „Бернабеу“ ова лето, објави „Марка“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претходно денес „Франс Фудбал“ пишуваше дури и за сумата колку би требало да изнесува првата понуда (280 милиони евра), но луѓето од Реал преку „Марка“ сега ги демантираат таквите најави. Никакви преговир не започнале, ниту пак „кралевите“ имаат во план да го купуваат Мбапе.

Слично како и минатата сезона, Реал Мадрид се поврзува со скоро секоја ѕвезда на европскиот фудбал, но клубот во овој случај сака да разјасни дека не преговораат со фудбалерот и со неговите менаџари. Нив не им паѓа на памет да платат 280 милиони евра колку што наведе „Франс Фудбал“.

После враќањето на клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака да го врати славниот клуб во врвот на светскиот фудбал, но со Мбапе контакти немало. Од Реал не сакале да потврдат, но не ни демантирале дека за реконструкција на тимот ова лето ќе потрошат 500 милиони евра.

Целите на Реал Мадрид допрва треба да бидат дефинирани, откако раководството и тренерот ќе го проучат пазарот. Единствено што на новинарите од „Марка“ им било потврдено е дека Садио Мане е голема желба.

Кога во прашање е Мбапе, нтиу Зидан го барал, ниту Перез се обидел да го купи. Клубот од Мадрид не сака да ги расипува добрите односи кои ги имаат со „светците“, така да немаат намера преку агентот да влегуваат во преговори, наведуваат Шпанците во текстот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…