Дома Топ вести Спремете се за летна сапуница: Операцијата Килијан Мбапе – започнува!

Спремете се за летна сапуница: Операцијата Килијан Мбапе – започнува!

Според се што се пишува Реал Мадрид место Нејмар ќе се насочи кон помладиот и веројатно повеќе исплатливиот Килијан Мбапе.

Летото 2017 во центарот на вниманието беше Нејмар, минатото Кристиано Роналдо, а во ова кое ќе следи изгледа ќе биде Килијан Мбапе! Младиот француски репрезентативец судејќи според се ќе предизвика нов земјотрес на европскиот пазар бидејќи Реал Мадрид дефинтивно одлучил тој да биде играчот на кој ќе потроши голема сума.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Франс Фудбал“ објави детали кои наведуваат на заклучок дека токму тој би требало да стане наредниот „Галактикос“, играчот околу кој Реал Мадрид ќе ја гради иднината. Според информациите на францускиот магазин, Реал Мадрид ќе ги вклучи сите можни ресурси кога се финансиите во прашање и е спремен да издвои астрономски 280 милиони евра за брзоногиот напаѓач.

Перез поради две причини го избрал Мбапе пред Нејмар.

Првата е годините: Бразилецот има 27, Французинот 20 и јасно е дека неговата кариера само што започнува и притоа никој не може да процени колкав е неговиот лимит, додека на Нејмар часовникот полека му отчукува, ништо големо не освои со репрезентацијата, има една Лига на шампионите за пет ипол години во европскиот фудбал, тука се и проблемите со повреди…Се повеќе преовладува мислењето дека неговото време поминува. Килијан зад себе има светска титула и шанса такво нешто да повтори барем уште еднаш бидејќи извесно е дека пред него се три Мундијали и тоа во години во кој тој ќе може се уште да игра на највиоско.

Понатаму, Нејмар важи за егоиста на теренот и надвор од него. Цела соблекувална би требало да застане позади него, комплетниот тим на теренот да работи за него, додека Килијан повеќе игра за тимот и лесно би се прилагодил на ситуацијата на „Сантијаго Бернабеу“.

„Франс Фудбал“ пишува и дека преговорите во триаголникот Реал – ПСЖ – Мбапе ќе бидат напорни и ги карактеризира како нешто кое ќе се претвори во летна сапуница. Секако, сите три страни би требало да го пронајдат својот интерес, а реални основи за трансфер има. Посебно ако се знае дека Килијан од детството е навивач на „кралевите“.

Ако Реал и ПСЖ се договорат изгледа како дека ќе нема проблеми Шпанците да го убедат Килијан кој во тој момент би станал најскап играч во светот. Освен тоа Французите откриваат и дека за Мбапе е спремна најголемата плата во соблекувалната на Реал, засега не се открива колку. Најплатен во Реал сега е Герет Бејл со плата од 15 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…