Дома Фудбал Италија Одмаздата се сервира ладна: Првиот човек на Милан одлучи за судбината на Донарума!

Одмаздата се сервира ладна: Првиот човек на Милан одлучи за судбината на Донарума!

Италија, но и цела Европа денес зборува за приказната помеѓу Милан и Џанлуиџи Донарума. Младиот голман одби да го продоложи договорот и покрај тоа што „росонерите“ му понудија плата од 5 милиони евра по сезона со која ќе станеше трет најплатен голман во светот.

Донарума има договор со Милан до јуни 2018 година, а во игра за неговиот потпис се Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Меѓутоа, како што пренесуваат италијанските медиуми првиот човек на „росонерите“ Јангхонг Ли ставил вето на неговата продажба и нема да ги разгледува понудите кои ќе пристигнат за младиот голман.

Тоа значи дека Донарума ќе мора да остане во Милан до следното лето, а бидејќи клубот нема да смета на него, цела година ќе ја помине на трибините. Тоа сигурно ќе биде „болно“ за младиот голман бидејќи следната година се игра Светското првенство, а тој сигурно нема да биде повикан после една година на трибина.

Така Милан ќе му направи големи проблеми на младиот голман, кој ќе изгуби една година од кариерата, нема да може да напредува и ќе го пропушти Светското првенство во Русија следната сезона.

Медиумите тврдат дека ова сценарио најмногу му одговара на неговиот агент кој следната година ќе може да земе провизија од 35 милиони евра од клубот за кој ќе потпише Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…