Дома Македонски спорт Мак фудбал Одлуката за Адеми судот ќе ја донесе за две недели

Одлуката за Адеми судот ќе ја донесе за две недели

Меѓународниот суд за спортска арбитража (CAS), побара уште едно вештачење на независна лабораторија, пред да ја донесе конечната одлука околу четиригодишната суспензија на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Аријан Адеми, во петокот, се појави пред судот во Лозана и уште еднаш ја изнесе својата одбрана, а преку Скајп обраќање имал и докторот на Динамо Загреб, Јосип Шојат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пред CAS, повторно биле изнесени сите аргументи, кои претходно Адеми и Динамо ги презентираа пред УЕФА, како и вештачењата на независните стручњаци.

CAS, потоа побарал да биде извршено уште едно вештачење, чии резултати ќе бидат познати за две до три недели, кога и треба да биде донесена одлуката околу намалување на казната.

Адеми беше суспендиран откако падна на допинг тестот по натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите, одигран пред една година. И тој и Динамо Загреб тврдеа дека забранетата супстанца, кој ја имало во многу мал процент, била внесена ненамерно. УЕФА потоа му изрече исклучително голема суспензија од четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…