Дома Останати Одложен боксерскиот спектакл помеѓу Тајсон и Пол!

Одложен боксерскиот спектакл помеѓу Тајсон и Пол!

Се очекуваше и се најавуваше, но сепак боксерскиот спекткал помеѓу славниот Мајк Тајсон и Јутјуберот Џејк Пол е одложен. Причина се здравствените проблеми на Тајсон.

Борбата помеѓу 57-годишниот Тајсон и далеку помладиот Пол требаше да се одржи на 20-ти јули на стадионот на НФЛ тимот, Далас Каубојс.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Им благодарам на моите навивачи за разбирањето и поддршката која ми ја даваат. За жал се соочив со воспаление на чир и докторите ме советуваа да одморам неколку недели и да намалам со тренинзите“, објасни Тајсон.

Најавува сепак дека е во добра физичка форма.

„Моето тело е во подобра состојба отколку во последните години. Ќе се вратам со полна сила, Пол вака доби време, но на крајот ќе го нокаутирам и ќе го исфрлам од боксот“, порача Тајсон.

Борбата прво беше најавена како егзибициска, меѓутоа потоа се постигна договор да биде официјална и ќе влезе во вкупниот скор на победи и порази на двајцата. Новиот датум се очекува да биде објавен на 7-ми јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…