Aрсенал ова лето ќе направи промени во играчкиот кадар, но главна задача на клубот е да се задржи Пјер Емерик Обамејанг.
31 годишниот Габонец и оваа сезона е најдобар играч на Арсенал и на 44 натпревари успеа да постигне дури 29 голови. Неговиот договор со „топџиите“ истекува наредното лето и поради тоа често се шпекулира дека ова лето ќе го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во претходните недели многу се пишуваше дека Обамејанг сака да замине од Арсенал, а едно време се поврзуваше и со Барселона. Но, во лондонскиот клуб не сакаа туку-така да останат без најдобриот играч и правеа се што можат да го задржат и изгледа успеаа.
Сепак сега навивачите на Арсенал изгледа можат да воздивнат затоа што Обамејанг ќе остане на „Емирати“. „Скај Спорт“ објави дека Габонецот е блиску до потпис на нов тригодишен договор и дека се ќе биде официјализирано во наредните денови.
Обамејанг според новиот договор неделно ќе заработува 250.000 фунти и тоа е условот кој го бараше од почетокот на преговорите, а во клубот одлучиле да му го исполнат после освојувањето на ФА Купот.
Останувањето на Обамејанг сигурно е најголемо засилување за Арсенал и клубот сега ќе може да се фокусира на доведување други играчи.
Pierre-Emerick Aubameyang is close to ending speculation about his future by signing a new contract with Arsenal.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 6, 2020