Дома Фудбал Лига на шампиони Одлична вест за Вардар, се повреди најдобриот играч на Малме?

Одлична вест за Вардар, се повреди најдобриот играч на Малме?

На 12 јули во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите македонскиот шампион ќе гостува во Шведска каде што ќе игра против тимот на Малме.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вардарци пред овој натпревар можеби имаа среќа.

Имено во рамките од 13 коло од фудбалската лига во Шведска се повреди нивниот најдобар фудбалер, напаѓачот Маркус Розенберг. Розенберг натпреварот против АФК Ескулистуна мораше да го напушти после само 10 минути игра.

Сепак, до натпреварот против Вардар остануваат десетина дена, а се уште не е познато од каков карактер е повредата на искусниот голгетер. Розенберг оваа сезона на 13 натпревари во шведската прва лига постигна четири погодоци и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

САД за само четири години може повторно да биде домаќин на Светско првенство!

Соединетите Американски Држави имаат можност да бидат домаќини на Светското првенство во ф…