Попладнево во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките во четвртфиналето на македонскиот Куп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денешната ждрепка на двојките за четврфиналето сакаше во оваа рунда да се разминат и годинава двата најсериозни кандидати за куп-титулата.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, тетовска Шкендија, во 1/4-финалето за противник го доби тимот на Шкупи, додека Вардар ќе ги одмери силите со Металург.
Куп на Македонија четвртфинале:
Пелистер – Силекс
Металург – Вардар
Шкупи – Шкендија
Победа – Брегалница
Првите натпревари се играат на 23 ноември со почеток од 13:30 часот, реваншите се на 7 декември од 13:00 часот.