Натпреварувањето на Светското првенство продолжува денеска со натрпеварите во осмина финалето, а програмата ја отвара натпреварот помеѓу Аргентина и Франција.
Познато е дека Аргентинците со многу среќа успеаа да дојдат до осмина финалето и дека не владее добра атмосфера во редовите на овој тим. Сепак, од другата страна ниту во Франција не се задоволни од игрите на екипата во првите три натпревари, бидејќи овој тим беше еден од најголемите фаворити за освојување на златото.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сигурно дека денеска не очекува уште еден спектакуларен натпревар и ќе биде интересно да се види дали Аргентинците имаат сила за изненадување. Изгледа дека Сампаоли вќее одлучил со кој состав ќе излезе на терен и ќе биде интересно дали има во план да менува нешто во однос на составот против Нигерија.
Од другата страна, Дидие Дешамп би можел да направи неколку промени во составот, француските медиуми шпекулираат дека подготвил изненадувања во средниот ред, односно дека од првата минута ќе заигра Набил Фекир.
Веројатен состав на Франција: Лорис, Сидибе, Варан, Умтити, Хернандез, Канте, Маутиди, Погба, Фекир, Мбапе, Гризман.
Веројатне состав на Аргентина: Армани, Меркадо, Отаменди, Рохо, Таглиафико, Маскерано, Банега, Перез, Ди Марија, Меси, Игуаин.