Дома Македонски спорт „Ова е само почеток, Елмас има огромен потенцијал“

„Ова е само почеток, Елмас има огромен потенцијал“

Менаџерот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Џорџ Гарди во интервју за италијанските медиуми кажа дека немаат намера во моментов да го продолжат договорот со Наполи.

Елмас игра на врвно ниво сезонава под водство на тренерот Лучијано Спалети, па неговата вредност се проценува на неверојатни 70 милиони евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ова е само почеток. Елиф има огромен потенцијал. Го процениле помеѓу 70 и 80 милиони евра? Според мене, толку вреди, нема многу играчи во Европа на негова возраст кои одиграле 100 меча за Наполи и 65 за репрезентација. Претходно тој влегуваше во финишот, играше само по 10-15 минути, а тоа не е лесно. Сега работите се менуваат, неговата самодоверба расте. Почна да дава клучни голови, ја подобри конкретноста пред противничките голови. Тој е модерен играч кој покрива голем дел од теренот. Не се водат разговори, Елиф има долг договор и нема размислување за продолжување на соработката“, вели неговиот менаџер.

Елмас сезонава постигна шест гола и три асистенции во Серија А и Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…