Приказната за нов клуб на Златан Ибрахимовиќ е далеку од конечен расплет. Од кога го напушти ЛА Галакси шведскиот напаѓач е во центарот на вниманието пред почетокот на јануарскиот преоден рок.
Со Ибрахимовиќ се поврзуваа повеќе клубови, меѓутоа засега изгледа дека најсериозен во намерата е Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според она што се пишува Ибрахимовиќ бара месечни примања од еден милион евра и тоа е сума која Болоња и Наполи не можат да ја платат. Меѓутоа Милан влезе во преговори со Раиола. Звонимир Бобан на Раиола и Ибрахимовиќ им претставил понуда која би можела да им се допадне.
Милан наводно е спремен на Ибрахимовиќ да му исплати шест милиони евра за 18 месеци. Тоа е третина од она што Ибрахимовиќ го бара, но во градот на модата се оптимисти. Посебно затоа што Ибрахимовиќ после разговорот со Бобан им соопштил дека брзо ќе донесе одлука.
На Милан му е потребен играч како Златан. Освен што ќе добијат одличен голгетер, Ибрахимовиќ би бил вистински лидер во соблекувалната.