Дома Останати Тенис Ова е патот на Новак Ѓоковиќ до нова титула на Вимблдон: Австралиец, Американец, па финале од соништата!

Ова е патот на Новак Ѓоковиќ до нова титула на Вимблдон: Австралиец, Американец, па финале од соништата!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон и повторно ќе игра во завршницата на овој престижен турнир.

Првата следна пречка до уште една титула на легендарната трева ќе биде Алекс Де Минор, а во продолжението би можел да игра со многу мал круг тенисери кои останаа во ждрепката. Некои очекувани, некои сосема неочекувани.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тоа му донесе сериозна шанса на Новак без проблем да стигне до финалето на Вимблдон.

Новак во среда ќе игра против Де Минор, четврти пат во кариерата, а досега двапати беше подобар. Единствениот пораз се случи на Купот на Јунајтед, на домашно, австралиско тло.

Во полуфиналето го чека – подобриот од дуелот Тејлор Фриц и Лоренцо Музети.

Можеби некој досега не очекуваше еден од овие двајца, можеби некој не очекуваше ниту еден од нив, но тие се последната пречка пред финалето.

Во финалето има четири имиња кои би можеле да конкурираат.

Потенцијални противници на Новак за титулата се Јаник Синер, Данил Медведев, Карлос Алкараз и Томи Пол.

Синер и Медведев меѓу себе ќе одлучуваат за патникот за полуфиналето, а во другиот натпревар битката ќе ја водат Алкараз и Пол.

25. Грен слем титула сега е на само три чекори…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Го освои УС Опен и вкупно 17 АТП титули: Се пензионираше тенисерот кој некогаш беше трет во светот

Со поразот во првото коло на турнирот во Виена во неговата Австрија, Доминик Тим и официја…