Една од најинтересните натпревари на програмата во НБА лигата измината ноќ ја одиграа Њу Орлеанс и Далас Маверикс.
Натпреварот во Далас беше завршен дури после продолженија, а победа запишаа Пеликанси со 129:125. Од првата минута гледавме подобра игра на Далас кој на полувремето имаше десет поени предност, но не успеа да ја задржи.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Пеликанси во продолжение од натпреварот заиграа многу подобро и со одлична игра во третата четвртина стигнаа до пресврт. Далас не се предаваше и во продолжение од натпреварот успеа да дојде до егал, а на крајот натпреварот отиде во продолжение.
Но, во продолжениејата Далас немаше сили за целосен пресврт и на крајот Пеликанси заслужено славеа победа со 129:125.
Уште еден неверојатен натпревар одигра Словенецот, Лука Дончиќ. Тој вчера имаше трипл-дабл учинок со 29 поени, 13 скокови и десет асистенции, но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне поразот.
За Дончиќ ова беше веќе трети трипл-дабл оваа сезона со што постави рекорд. Имено, Дончиќ сега е првиот кошаркар во историјата на НБА кој успеал во својата дебитантска сезона да одигра пет трипл-дабл натпревари.
29 PTS | 13 REB | 10 AST
With his 5th triple-double of the season tonight, @luka7doncic set the @dallasmavs record for most triple-doubles by a rookie! #MFFL pic.twitter.com/SRsNdS59fY
— NBA (@NBA) March 19, 2019
Денвер запиша победа на гостински терен против Бостон. Како и во поголемиот дел од натпреварите оваа сезона тимот на Денвер беше предводен од одличниот Никола Јокиќ.
Јокиќ овој пат оствари дабл-дабл со 21 поен, 7 асистенции и 13 скокови. Во редовите на Бостон најфикасен беше Ирвинг со 30 поени, четири асистенции и пет скокови.
НБА резултати:
Кливленд – Детроит 126:119
Вашингтон – Јута 95
Бостон – Денвер 105:114
Торонто – Њујорк Никси 128:92
Оклахома – Мајами 107:116
Сан Антонио – Голден Стејт 111:105
Далас – Њу Орлеанс 125:129
Феникс – Чикаго 101:116
Портланд – Индијана 106:98