Доколку гласините кои се појавија во текот на денешниот ден станат реалност тоа би било тежок удар за навивачите на Арсенал.
Како што пренесуваат англиските медиуми, помеѓу кои е и реномираниот „Скај Спорт“, Челзи спремил понуда од 30 милиони фунти (33.6 милиони евра) за играчот за врска на Арсенал, Арон Рамзи.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Велшанецот има уште една година од договорот со клубот од „Емирати“, а се уште нема посериозни најави за продолжување на истиот.
„Сините“ се спремни да ја искористат таквата ситуација и да испратат сосема солидна понуда за играч кој има уште една година од договорот.
Емери е убеден дека Рамзи ќе остане на северот од Лондон и наредната сезона, но во случај фудбалерот да изрази желба, а клубот не го пушти би си заминал веќе наредното лето без никаква оштета. Сепак, да напоменеме дека Рамзи засега не се изјаснил, барем не јавно.
Понудата од 30 милиони евра би можела да биде причина во Арсенал да размислат, но останува да видиме како ќе се одвиваат работите до 9-ти август кога истекува рокот за трансфери во Премиер лигата.