Дома Фудбал Репрезентации Облак: Југославија денес би била кандидат за освојување на Светско првенство

Облак: Југославија денес би била кандидат за освојување на Светско првенство

Словенија во Љубљанаа денес ќе игра против Србија во рамките од Лигата на Нации. Претходниот натпревар во овој циклус помеѓу овие две селекции во Белград заврши со победа на  Србија од 4:1.

Од „Спорт Клуб“ пред овој натпревар голманот на Словенија, Јан Облак доби прашање и за Југославија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не знам што се би можеле да освоиме. Но, погледнете ги денес Србија, Хрватска и другите репрезентации. Сигурен сум дека тој тим би изгледал многу моќ и ќе важеше за еден од кандидатите за освојување на Светското првенство“.

Испрати пофалби Облак и до селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси.

„Станува збор за човек кој е легенда на југословенскиот фудбал и сите добро го знаеме. Од кога дојде формираше одлична атмосфера, Србија имала извонредни фудбалери од големи клубови, но во последно време немаше очекувани резултати. Со Пикси сега изгледаат многу подобро, може да се забележи напредокот. Им посакувам се најдобро на Мундијалот во Катар“, изјави Облак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…