Дома Фудбал Останато Обамејанг објасни што значеше неговата чудна прослава против Реал

Обамејанг објасни што значеше неговата чудна прослава против Реал

Пјер Емерик Обамејанг вчера одигра фантастичен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид.

Барселона против својот најголем ривал славеше со убедливи 4:0 и покажа дека се враќа на победничките патеки. Каталонците беа одлични во текот на целиот натпревар, а победата лесно можеше да биде и поубедлива со оглед на големиот број пропуштени прилики кои ги имаа.

Играч на натпреварот беше Обамејанг кој постигна два гола и уште еднаш покажа дека Барселона направи фантастичен потег со неговото доведување. Интересна беше сцената во која Обамејанг со мала кугла го прослави вториот гол.

Обамејанг истрча до корнер знаменцето каде што доби кугла од неговиот пријател и застана во интересна позиција, после натпреварот објасни какво значење имала таа негова прослава. Габонецот објасни дека станува збор за кугла како од култниот цртан филм „Драгон Бол“. Куглата во цртаниот филм служи за исполнување на желби, а неговата желба денес била да постигне гол и Барселона да победи која на крајот и му се исполни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Финансиската моќ на англиските клубови: Само Челзи во Европа потрошил повеќе од Нотингем

Нотингем Форест, повратникот во Премиер лигата попладнево го потврди трансферот на Морган …