Германските меидуми вчера пренесоа информација дека Борусија Дортмунд го суспендирала Пјер Емерик Обамејанг, а веста потоа ја потврди и самиот клуб.
Обамејанг беше суспендиран и во ноември минатата година поради дисциплински мерки, бидејќи без знаење на клубот заминал во Милано.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа, напаѓачот сега тврди дека не знае која е причината за суспензијата овој пат.
„Не е вистина дека сум закаснил на тренинг. После моето патување во Милано можев да ја разберам суспензијата. Овој пат навистина не ми е јасно зошто сум суспендиран“, изјави Обамејанг.
Габонецот поради суспензија ќе го пропушти мечот против Штутгарт, а оваа сезона на 17 натпревари има постигнато 15 гола во сите натпреварувања.