Дома Фудбал Германија Ноер бесен: Не сум навикнат на вакво однесување од Баерн

Ноер бесен: Не сум навикнат на вакво однесување од Баерн

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер отворено го изрази незадоволството од раководството на клубот околу преговорите за новиот договор.

Актуелниот договор на 34-годишниот Ноер истекува за една година и тој е во преговори за нов договор, но на почетокот од оваа недела во медиумите се појавија детали за преговорите, што го налутија германскиот репрезентативец.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Откако сум во Баерн, сите разговори беа доверливи. Ништо досега не излезе на виделина во медиумите. Но, сега деталите за тековните разговори постојано се појавуваат во печатот и честопати се неточни. Ова ме вознемирува. Не е нешто на што навикнав во Баерн“, истакна Ноер.

„Не го познавам клубот како таков. Сакам да играм ако бидам здрав, но најважна ми е довербата. Јасно ми е дека е премногу да се бара петгодишен договор, но не можам да предвидам до колку ќе бранам“, додаде Ноер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Интер најде напаѓач во Парма

Интер договори ново засилување во нападот, јавуваат италијанските медиуми. Фудбалскиот клу…