Дома Фудбал Италија Нов удар за „Старата дама“: Се повреди и Манџукиќ само ден пред големото ДЕРБИ

Нов удар за „Старата дама“: Се повреди и Манџукиќ само ден пред големото ДЕРБИ

Јувентус само ден пред големото дерби против Наполи на „Сан Паоло“ доживеа голем удар.

Дербито ќе го пропушти Марио Манџукиќ кој има проблем со мускулот на листот на левата нога и затоа нема да отпатува со екипата, додека за средба нема да конкурира ниту Бенедикт Ховдес, кој има број со повреда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Хрватскиот напаѓач, стрелец на неколку овосезонски погодоци во италијанското првенство, требаше да го предводи нападот на Јувентус бидејќи под знак прашалник е и Гонзало Игуаин. Ако Игуаин не биде подготвен, најверојатно Дибала ќе биде лажна деветка.

Бернардеши, Куадрадо и Киелини ќе се вратат инаку во тимот на „Старата дама“ по повредите.

Овој натпревар многумина инаку сметаат дека може да го одлучи шампионот за оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…