Дома Фудбал Италија Нов скандал во Италија: Јувентус под истрага!

Нов скандал во Италија: Јувентус под истрага!

Серија А е едно од најдобрите првенства во светот, но исто така оваа лига е и синоним за скандали.

Последниот скандал е забележан вчера откако истражителите влегоа во просториите на Јувентус каде што е направен претрес. Шест лица во Јувентус се осомничени за лажирање на податоци во финансиските извештаи. Станува збор за претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, сегашниот спортски директор на Тотенхем Фабио Партичи и уште тројца во комерцијалниот сектор.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Осомничените се обвинуваат дека лажирале документи за прикажаниот капитал во сезоните 2018/19, 2019/20, 2020/21. Во прашање е сума од 50 милиони евра.

Ваков случај во Италија имаше уште во 2008 година, тогаш предмет на истрага беа Милан и Интер, но миланските клубови на крајот беа ослободени од обвинението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Веќе се познава костурот во Лигата на шампионите: Кој со кој не може да се сретне до полуфиналето и финалето во ЛШ?

Зад нас е шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по кое потенцијално можем…