Дома Останати Тенис Страшни детали од сообраќајката во која загина позната српска тенисерка ги потресе Србија и регионот (Фото)

Страшни детали од сообраќајката во која загина позната српска тенисерка ги потресе Србија и регионот (Фото)

Веста за загинувањето на поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица, која страдаше во страшна сообраќајна несреќа, ја потресе Србија, но и целиот регион, а деталите се особено разочарувачки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Синоќа беше потврдено дека поранешната тенисерка Татјана Јечменица загина во сообраќајната несреќа на 47 години живот.

Несреќата се случи на автопатот во близина на Белград, а во истата сериозно беше повреден и нејзиниот сопруг за кој се борат за живот.

Јечменица беше и селекторка на репрезентацијата на Србија, а по завршувањето на кариерата стана тренерка и започна тениска школа во Нови Сад.

Меѓутоа, она што најмногу ја шокираше јавноста се деталите на несреќата кои утрово беа објавени.

Според неофицијални информации, автомобилот во кој биле Татјана и нејзиниот сопруг го “прегази” шлепер на автопатот.

Најверојатно, Јечменица управувала со автомобилот и го промашила излезот од автопатот, потоа почнала да вози рачка за да се врати назад, а несреќно тогаш на нив налетал шлепер и ги прегазил.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…