Италијанската финансиска полиција изврши претрес во просториите на Рома, Лацио и Салернитана, како дел од истрагата за сомневања за нереално високи суми на трансфери на играчи.
Истрагата против Рома се однесува на трансфери помеѓу 2017 и 2021 година, додека истрагата за Лацио и Салернитана се занимава со продажба на играчи меѓу овие два клуба, кои до неодамна имаа ист сопственик – Клаудио Лотито.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа мораше да биде променето поради прописите на Серија А според кои еден човек не смее да има два клуба во ист ранг на натпреварување.
Прелиминарната истрага за Лацио и неговиот прв човек Лотито се заснова на сомневања за издавање „фактури за непостоечки трансакции“, според агенциите АГИ и Анса.
Трансферите на играчи и вештачки претставените капитални добивки се во центарот на вниманието во ситуацијата со Јувентус кој веќе беше казнет со одземање на 15 бодови.
👮♀️ Perquisizioni e sequestro documenti:
— Tuttosport (@tuttosport) April 5, 2023
🔍 Che succede per #Roma, #Lazio e #Salernitana https://t.co/Czf3YrIaLw