Шестото коло од Серија А ни го донесе натпреварот помеѓу Специја и Милан кој на крајот заврши со конечен резултат 1:2.
Првото полувреме донесе интересен фудбал. Се играше отворено со неколку добри прилики пред двата гола, но мрежите мируваа и на полувреме се замина со 0:0. Во продолжение гледавме слична слика на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Резултатот го отвори Даниеле Малдини со што се испиша историја во европскиот фудбал. Даниеле данес доби прва шанса да заигра како стартер во натпревар од Серија А, а на почетокот на второто полувреме со глава ја смести топката во мрежата на Специја за радост на „Росонерите“.
Посебно интересна беше реакцијата на неговиот татко Паоло Малдини кој денес ја изавршува функцијата директор во клубот. После голот на Малдини, Специја имаше неколку убави акции, се обидуваа да дојдат до изедначување. Тоа се случи на 10 минути до крајот. До крајот Милан сепак со голот на Диаз во 87. минута дојде до победата.