Дома Македонски спорт Мак ракомет Нов катастрофален пораз на ракометарите

Нов катастрофален пораз на ракометарите


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Македонската ракометна репрезентација комплетно разочара на Светското првенство и доживеа уште еден дебакл, овој пат против Аргентина (26:35).

Слично како и на мечевите со Холандија и Норвешка, од самиот старт Македонија играше слабо во одбраната и анемично во нападот.

На почетокот имавме 2:2, а потоа Аргентина само го зголемуваше водството, па на полувреме замина со предност од 7 гола со 18:11.

Во второто полувреме не видовме ништо ново, Аргентина во еден момент имаше девет голови предност, која ја одржуваа до крајот, па конечниот резултат беше 26:35.

Диего Симонет беше најефикасен со 8 гола, во нашиот табор Талески беше најефикасен со 5 гола.

Сега Македонија ќе игра за пласман од 25-то до 32-то место.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Леонида Гичевска повторно ќе игра во Франција!

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Mакедонската репрезентативка Леонида Гичевск…