Секогаш интересниот Златан Ибрахимовиќ и фантастичниот боксер Ентони Џошуа конечно се запознаа.
Славниот Шведски фудбалер беше гостин на борбата во која Џошуа ја бранеше категоријата во тешка категорија против Карлос Такама.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британецот ја одбрани титулата, а потоа откри што му кажал Златан пред борбата.
„Слушнав дека кажа дека не сум совршен, но дека се обидувам тоа да станам. Ми кажа да престанам да зборувам и да им порачам на сите: Совршен сум, а не се обидувам тоа да бидам“, открива Џошуа.
Пред мечот Златан и јавно пред медиумите го пофали светскиот шампион.
„Има одлична енергија, посебно позитивна. Тоа е причината поради која луѓето го сакаат и токму затоа сакаат да го гледаат. Совршен е по приорда. Силен, брз и голем нокаутер“, зборуваше напаѓачот на Манчестер Јунајтед.
Сепак, Златан не пропушти да се пофали и себе си.
„Меѓутоа, сеуште не е добар боксер, колку што јас сум добар фудбалер“, заврши популарниот Ибра.