Дома Фудбал Ново шокантно признание за местење натпревари во Шпанија

Ново шокантно признание за местење натпревари во Шпанија

0

Фудбалска Шпанија ја тресе голем скандал со наместени натпревари. Денес еден од осомничените, фудбалерот на Депортиво, Ињиго Лопез откри интересни детали.

Шпанските служби неодамна отворија истрага поради за местење натпревари во првата и втората фудбалска лига, а еден од главните организатори бил поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво.

Денес во јавноста излезе и некогашниот фудбалер на Хуеска, а сега член на Депортиво Ла Коруња, Ињиго Лопез. Тој призна дека мечот од Ла Лига 2 меѓу Хуеска и Химнастик Тарагона бил договорен, бидејќи неговиот тим веќе осигурал пласман во повисок ранг.

„Изгубивме од Химнастик бидејќи таков беше договорот, а такви работи секогаш постојат во фудбалот. Кога ќе го погледнете распоредот на крајот на сезоната, си размислувате: Добро, зошто да им отежнувам на луѓе на кои им требаат бодови? Така оди тоа и никој не зборува за тоа“, изјави Лопез.

„Секој кој играл фудбал и кој е дел од овој свет знае одамна дека ова се случува. Обложувањето едноставно уништи се“, додаде Лопез.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ден за паметење за младата ѕвезда на Челси и ерупција на Стемфорд Бриџ

Челси од седмата минута води со 1:0 против Лестер. Погоди 19-годишниот Мејсон Маунт, за ко…