Дома Фудбал Новото засилување на Реал ги откри неговите пет омилени фудбалери, двајца на листата се големо изненадување

Новото засилување на Реал ги откри неговите пет омилени фудбалери, двајца на листата се големо изненадување

Бразилецот Ендрик кој има 18 години неодамна пристигна во Мадрид и ќе се обиде да се навикне на својот нов живот, а за Реал веќе собра неколку настапи во подготвителните натпревари на американската турнеа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Официјалното деби се очекува на 14. август кога „кралевите“ во Варашва ќе играат против Аталанта во европскиот Суперкуп.

За него Реал плати 60 милиони евра без бонуси и го обезбеди уште во 2022 година, но се чекаше да стане полнотелен и да потпише професионален договор.

Во едно свое интервју тој зборуваше за неговите омилени фудбалери, а на листата стави и двајца сегашни соиграчи, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем. Исто така го смести и Кристијано Роналдо меѓу омилените, но големо изненадување беа имињата на легендите Ференц Пушкаш и Боби Чарлтон.

Нивното присуство на листата на Ендрик е изненадување затоа што Бразилецот немал прилика да ги гледа на терените и изостави играчи од „поновото време“ како: Бразилецот Роналдо, Роналдињо, Нејмар, Меси…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…