Дома Фудбал Италија Нови проблеми за Мурињо: Остана и без Спинацола

Нови проблеми за Мурињо: Остана и без Спинацола

Италијанскиот дефанзивец, Спинацола заврши со настапите за Рома за оваа година.

Следниот натпревар Спинацола ќе го игра во 2023 година и тој не е во комбинација за денешниот дуел со Верона. Спинацола заработил повреда на левиот квадрицепс за време на последниот тренинг пред дуелот со Верона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првичните информации од медицинскиот тим се дека тој ќе отсуствува најмалку 2-3 недели. Ова значи дека нема да може да и помогне на Рома во големото дерби со Лацио, како и во дуелте со Сасуоло и Торино. Исто така Мурињо ќе биде без него во Лигата на Европа против Лудогорец.

Тој ќе биде во составот на Рома за време на подготовките во текот на Светското првенство кои ќе се одвиваат во Јапонија. Освен Спинацола Мурињо не може да смета ниту на Матиќ, Дибала и Вајналдум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…