Дома Фудбал Италија Спинацола конечно се врати на терените: Десет месеци сонував за овој момент…

Спинацола конечно се врати на терените: Десет месеци сонував за овој момент…

Италијанскиот фудбалер Леонардо Спинацола на Европското првенство во натпреварот против Белгија на 2. јули заработи тешка повреда која го спречи да игра во продолжение на турнирот кој Италија го освои.

Спинацола до моментот на повредата беше еден од најважните играчи во италијанската репрезентација, но и без него „Аѕурите“ стигнаа до европскиот трон. На терените Спинацола се врати после цели 10 месеци, тој доби шанса од Мурињо во последните минути од вчерашниот натпревар против Фиорентина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Еден месец веќе се чувствувам добро и тренеирам, не можев да дочекам да се вратам. За мене секоја минута е важна. Сонував десет месеци за овој момент, навистина сум среќен. Знам дека можам да станам подобар играч и ќе бидам посилен од она што бев претходно. Повторно се чувствувам како да сум јас и се надевам ќе дадам свој допринос“, изјави Спинацола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…