Дома Фудбал Останато Нови детали за ужасот во Атина: Навивачите на Динамо скршиле глава на 12-годишно девојче! 🎥

Нови детали за ужасот во Атина: Навивачите на Динамо скршиле глава на 12-годишно девојче! 🎥

Главна тема утрово во медиумите во регионот е вчерашната брутална тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК Атина пред денешниот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Двете навивачки групи влегоа во жестока пресметка, за жал веќе е потврдено дека има еден загинат. Сега се појавуваат и нови детали. Во пресметката исекотина на главата заработило 12-годишно девојче кое се нашло во истото кафуле каде што биле навивачите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Таа била удрена со камен, а за среќа е надвор од животна опасност, меѓутоа дефинитивно девојчето претрпе страв со кој ќе мора да се носи до крајот на животот.

Од полицијата засега е потврдено дека загинат е 22-годишен навивач на АЕК кој бил прободен со тврд предмет, но бројот на повредени и уапсени е голем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…