Дома Останати Кошарка НБА Новицки продолжува да пишува историја: Го помина Вилт Чембрлен (ВИДЕО)

Новицки продолжува да пишува историја: Го помина Вилт Чембрлен (ВИДЕО)

Во натпреварите од НБА лигата кои се одиграа изминатата ноќ Дирк Новицки успеа да го омине легендарниот Вилт Чемберлен.

Имено, Новицки стана шестиот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата откако го помина Чемберлен и неговите 31.419 поени во најсилната кошаркарска лига во светот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ветеранот во натпреварот на Далас влезе свесен дека е блиску до рекордот на Чемберлен за кое му недостигнаа само четири поени. Новицки успеа да го помина уште во првата четвртина кога ги погоди првите два шута кон противничкито кош.

„Навистина е неверојатното чуството. Пред сезоната знаев дека сум на околу 200 поени од Чемберлен и очекував да го престигнам. Меѓутоа потоа дојде повредата и започнав да се сомневам. За среќа во последните недели ги надминав проблемите и играв одлично. Им благодарам и на соиграчите кои имаа доверба во мене и можев повеќе да шутирам“, изјави Новицки после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Тага во кошаркарскиот свет: Почина Дикембе Мутомбо

Една од најголемите кошаркарски легенди на НБА, Дикембе Мутомбо почина денес на 58-годишна…