Вчерашните последните натпревари од регуларниот дел во сезоната во НБА лигата освен што ги одредија плејоф двојките, го означија крајот на кариерата на две супер легенди во овој спорт.
Двејн Вејд и Дирк Новицки ги одиграа последните натпревари во кариерата. Новицки се пензионираше во дресот на Далас Маверикс, додека Вејд од кошарката се прости како играч на Мајами.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварите ги одиграа на гостински терен, а екипите во кои оставија траен белег запишаа порази.
An amazing tribute from the @brooklynnets and ovation from the fans as @dwyanewade is introduced as a starter for his final game!#OneLastDance pic.twitter.com/NgCsNg6Yi4
— Miami HEAT (@MiamiHEAT) April 11, 2019
Мајами беше поразен од Бруклин со 94:114, додека Далас изгуби од Сан Антонио Спарс со 94:105. Двејн Вејд кариерата ја заврши со трипл-дабл учинок од 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Новицки исто така одигра добар натпревар со дабл-дабл ефект од 20 поени и 10 скока.
Dirk Nowitzki tearing up during his final introduction in an NBA game. pic.twitter.com/U1OF2hXfO2
— Nick Angstadt (@NickVanExit) April 11, 2019