Дома Фудбал Италија Новинарите го налутија Алегри: Кој ви ги кажува тие работи?!

Новинарите го налутија Алегри: Кој ви ги кажува тие работи?!

Јувентус во последниот период не игра во најдобра форма, а пред натпреварот со Болоња во Серија А, Масимилијано Алегри влезе во расправија со новинарите.

Во јавноста се појави вест дека дел од фудбалерите на Јувентус не биле задоволни од начинот на кој Алегри го водел тимот. Исто така се пишуваше дека стратегот на Јувентус беснеел на директорите на Интер по поразот во Купот на Италија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со фудбалерите немало никаква конфротација. Што се случувало!? Кој ви ги кажува тие информации? Ајде кажете ми имиња…

Единствена вистина е дека ние сме фокусирани само на нтпреварот кој следи. Секогаш кога Јувентус ќе изгуби излегуваат многу неточни информации. Се што треба е ние да останеме мирни и да продолжиме да работиме“, изјави Алегри.

Во Серија А Јувентус има три порази на последните три натпревари, меѓутоа со враќањето на 15-те бодови тимот е на третата позиција во битка за место во ЛШ наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…