Дома Фудбал Лига на шампиони Нова ОГРОМНА главоболка за Алегри пред натпреварот против Реал Мадрид

Нова ОГРОМНА главоболка за Алегри пред натпреварот против Реал Мадрид

Со оглед на тоа што најверојатно ќе ги пропушти пријателските натпревари против Аргентина и Англија, настапот на Џорџо Киелини против Реал Мадрид е под знак прашалник.

Киелини е командантот во одбраната на Јуве, но во саботата против СПАЛ го повреди мускулот и сега е под голем знак прашалник за неговиот настап во првиот натпревар од четвртфиналето против Реал. 33-годишниот Киелини ќе му направи сериозни проблеми на тренерот Алегри доколку не биде подготвен, со оглед на тоа што гостувањето против Реал на 3. април го пропушта и Мехди Бенатиа поради жолти картони.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Без двајцата важни играчи во одбраната, Јувентус тешко дека ќе може да го запре Роналдо, кој вчера против Жирона постигна четири гола и сега има вкупно 22 во Ла Лига. Реал Мадрид ја загуби Ла Лига и сега трофејот во ЛШ е единствената шанса на Зидан кој против Јуве ќе даде се од себе, додека „Старата дама“ сака да се одмазди за поразот во минатогодишното финале. Токму поради тоа овие дуели ќе биде особено интересни во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…